| |

„ТИТАНИК“ ОДЛОЖЕН ЗА 24 СЕПТЕМВРИ

Поранешниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ и шеф на кабинетот на екс премиер Никола Груевски, Мартин Протоѓер не се појави на денешното судење за изборните измами и нелегално финансирање на партијата, познат како „Титаник“ по што судењето се одложи за 24 овој месец.

Протоѓер, според неговиот адвокат Донче Наков, имал здравствени проблеми, а ноќеска во 2 часот бил однесен во Ургентниот центар. Имал воспоставено дијагноза, му биле направени испитувања за кои требало да се почекаат резултати, а добил и „поштеда“ од 7 дена.

Слични Објави