(Видео) Дојче веле на фокус ја претставува младата бугарска перкусионистка Виви Василева
Запознајте ја младата ѕвезда на перкусиите – Виви Василева. Така започнува кратката видео приказна на Дојче веле за 29-годишната Бугарка, која на почетокот на годината стана првата перкусионистка која ја доби престижната награда што го носи името на американскиот композитор и диригент Леонард Брнстејн.
Виви е родена во Германија, во семејството на виолинистите Петар и Красимира Василев и е најмладата сестра на виртуозниот бугарски виолинист Васко Василев.
„На почетокот мислев дека ваквото свирење бара машка сила, енергија и агресивност. Не знаев како ќе можам да излезам на сцена и да свирам на овој начин, со убедлива страст во секоја нота“. вели Бугарката за германскиот медиум.
Виви Василева настапувала во Бразил, Шпанија, Украина, Португалија, Алжир, Полска.Таа била солист на музичкиот фестивал Рајнгау, Европските недели во Пасау, фестивалот Гастеиг во Минхен, фестивалот Шлезвиг – Холштајн. А покрај авторски композиции, таа изведувала и дела создадени специјално за неа.
„За мене музиката е живот“, вели Виви Василева за ДВ.
