|

Битолчанец го убил неговиот поранешен зет

Полициски службеници од СВР Битола денеска го лишиле од слобода битолчанецот Т.Ѓ. (62), затоа што околу 5.55 часот утрово во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил С.С. (44) од Битола, кој починал на местото.

Според пријавеното, С.С. претходно со употреба на сила влегол во куќата на Т.Ѓ. и со остар предмет се заканувал на ќерката на Т.Ѓ., која била негова поранешна сопруга.

Екипа на итната медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото извршиле полицајци од СВР Битола и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Слични Објави