Пред барелефот на Левски на зградата на бугарската амбасада во Скопје беше одбележана 151-годишнината од смртта на Апостолот на слободата
Дипломати од Амбасадата на Бугарија во Република Северна Македонија и претставници на бугарската заедница во земјава јa одбележаа 151- та годишнина од смртта на најсветлата личност во бугарската историја Васил Левски, јавува БТА.

„Левски не само што е нашиот најголем национален херој, тој е симбол на Бугарија. Симбол е на нејзината желба за независност и борба за нејзината иднина, истакна амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов, пред барелефот на Васил Левски, кој е точна копија од оној на споменикот на Апостолот на бугарската слобода во Софија.

Со едноминутно молчење присутните оддадоа почит кон ликот и делото на Левски, а попладне во зградата на бугарскиот Културно-информативен центар децата од саботно-неделното училиште „Здравеј“ ќе ја одбележат и годишнината од смртта на Васил Левски, „бидејќи споменот мора да се предаде на идните генерации“, посочи амбасадорот Ангелов.
