БОШЊАКОВСКИ ПО ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ: ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА НА ЗНАМИЊАТА МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА
„Одредбите од Законот за употреба на знамињата се јасни, се што е утврдено во закон треба да го почитуваат сите“, вели владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, во врска со казните за инцидентот на Самоиловата тврдина каде беше развеано албанското знаме, а по изјавата на вицепремиерот, Бујар Османи, кој рече дека тоа е дозволено и ги повика граѓаните да го постават знамето каде сакаат и дека нема да имаат проблеми.
„Се што е утврдено во закон треба да го почитуваат сите. Во однос на настанот кој се случи во Охрид, таму имаме судска одлука, а Владата не коментира судски одлуки. Штом судската одлука е таква каква што е очигледно постојат некои прекршувања во однос на законот“ – рече Бошњаковски.
