|

ЗОО Скопје: Во ист ден починаа саканиот и почитуван колега и неговиот миленик Флопи

Од Зоолошката градина Скопје информираат дека вчерашниот ден бил најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО.

„Ненадејно, на 44 години, нè напушти нашиот сакан и почитуван колега, зоонегуватеот Ристе Трајковски. Ристе беше вреден работник, омилен меѓу животните, а неговите фотографии за поврзаноста со жирафите го обиколија светот. Нека ти е светол патот, почивај во мир, колега, и сочувство до семејството од целиот тим на Зоолошката градина Скопје“, велат од таму.

Тие додаваат дека за трагедијата да биде уште поголема, околу 16 часот, го загубивме и нашиот Флопи – една од трите жирафи за кои се грижеше Ристе.

„Вработените дадоа сè од себе да го спасат, но и покрај сите максимални напори, Флопи замина на небото заедно со нашиот Ристе. Ве молиме, да го имате предвид тагувањето на сите вработени во овој момент, ова е голема трагедија и шок за сите нас. Законските процедури и постапки се запазени и се во тек, штом имаме официјални резултати од обдукцијата на Флопи, веднаш ќе биде известена целата јавност“, велат од ЗОО Скопје.



Слични Објави