| |

ВМРО-ДПМНЕ: ПРЕСОТ НА МАНЧЕВСКИ Е ДОКАЗ ДЕКА СЕ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ АДМИНИСТРАЦИЈАТА

Прес конференција на Дамјан Манчевски беше уште еден доказ како врхушката на СДСМ ги покрива сите притисоци кои ги вршат врз граѓаните, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Притисоци врз народот на Република Македонија има и тоа директно од Зоран Заев.

Заев, отворено на митинг повика бизнисмените со пари да ги мотивирале вработените да гласаат на референдумот, посочувајќи една компанија чиј сопственик веќе му ветил дека ќе го стори тоа.

Во правна држава, досега Заев досега ќе беше повикан на разговор и против него ќе имаше истрага.

Очигледни се и секојдневните притисоци по државните и јавните институции за кои говорат безброј докази.

Никој не смее и не може да ги натера граѓаните против своја волја, со поткуп, со измама или принуда, да излезат и да гласаат за капитулантската спогодба која Заев ја потпиша со Грција.

Секој кој се огрешува кон законите во Република Македонија, за секој криминал ќе одговара откако СДСМ ќе си замине од власт и ќе се врати правната држава, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави