Шампионот во кревање тегови Карлос Насар ќе се вклучи во кампањата за промоција на Бугарија
Олимпискиот, светски и европски шампион во кревање тегови Бугаринот Карлос Насар ја прифати поканата на министерот за туризам на Бугарија д-р Илин Димитров да се вклучи во кампањата за претставување на земјата пред светот. Заедно со победничката на „Евровизија“ 2026, Дара, тој е следното познато бугарско лице во иницијативата, јавува 24 часа.
Целта на кампањата е Бугарија да биде претставена преку успешни и инспиративни Бугари како амбасадори на добра волја на бугарскиот туризам, соопштија од Министерството за туризам.
„Бугарија има потреба од своите шампиони. Нека светот ја гледа нашата земја не само како убава дестинација, туку и како држава со историја, дух и личности кои раскажуваат за неа“, изјави министерот Димитров.
Карлос Насар порача дека со гордост ќе ја поддржи оваа мисија во името на Бугарија. „Нашата земја е мила на сите што ја носиме во срцето, убава е и заслужува да ја видат повеќе луѓе низ светот“, рече тој.

