| |

Тажна вест: Во САД починал Љубен Топчев, брат на Стефан Топчев од „Струмичката петорка“

Вчера на 95 годишна возраст во САД починал Љубен Топчев, претпоследниот останат жив учесник во нелегалните вооружени борби во Вардарска Македонија по 1944 година.

Љубен Топчев беше брат на убиениот во 1951 година Стефан Топчев од нелегалната група Струмичката петорка. Истата година Љубен Топчев бега од Југославија и се засолнува во Бразил. Тој е еден од потпишаните на Меморандумот до ОН за репресиите во југословенска Македонија. Подоцна живее во САД.
Ова преку социјалната мрежа Фејсбук го соопшти Спас Ташев, поранешен директор на бугарскиот Културно информативен центар во Скопје и истражувач на историјата на МПО.

,, Многу пати сум се гледал со Љубен Топчев. Бевме заедно на Конгресот на МПО во Синсинати во 1998 година. За време на една од неговите посети во Бугарија ми врачи специјална награда на МПО ,, Струмичката петорка во Њу Џерси “. Последно се слушнав со него пред една година. Жалам што не најдов програма која да ги запишува видео повиците за да можам да оставам некои записи со него за идните генерации. По смртта на Љубен Топчев, остана жив еден последен ветеран на нелегалниот отпор во Вардарска Македонија. Ние треба да го зачуваме споменот за тие луѓе и идеалите за кои се бореле- следбеници на Иван Михајлов и на неговата идеја за независна Македонија, со рамноправност на сите етнички групи кои ја населуваат и која најмногу бројна е бугарската “, пишува Спас Ташев на социјалната мрежа Фејсбук.

Тимот на порталот „Трибуна“ го изразува своето сочувство семејството на големиот македонски Бугарин и патриот Љубен Топчев. Бог да го прости овој голем човек и борец за правдина.



Слични Објави