| |

Естонија: Русија ја разбира само грубата сила, треба некој да ѝ го скрши ‘рбетот

Eстонија ќе ја поддржува Украина со 0,25 отсто од нејзиниот домашен бруто-производ (БДП) во следните четири години, соопшти естонската влада повикувајќи ги сојузниците да го сторат истото тоа.

Естонија, која се граничи со Русија, се очекува да потроши 3,2 отсто од својот БДП во 2024 година за одбрана, вклучително и поддршка за Украина.

„Нашите пресметки покажуваат дека ако слободниот свет е подготвен да ѝ помогне на Украина во износ од 0,25 отсто од нејзиниот БДП годишно, тоа би било доволно за да ѝ го скрши грбот на Русија, која разбира само брутална сила“, рече министерот за одбрана, Хано Певкур.

„Тоа е мала цена што треба да се плати во споредба со трошоците ако руската агресија на крајот се исплати“, додаде тој.

Еден од најверните поддржувачи на Украина во Европската Унија и НАТО исто така најави пакет помош од 80 милиони евра за Украина во четвртокот вклучувајќи и противтенковски ракети.

Централната банка на Естонија прогнозира БДП на земјата за 2024 година на 41,2 милијарда евра, што значи дека нејзината поддршка од 0,5 отсто за Украина може да изнесува околу 206 милиони евра следната година.

Слични Објави