МОН: Студентите за остварување на правото на финансиски надомест за превоз се пријавуваат електронски
Министерството за образование и наука потсетува дека студентите што се пријавуваат за остварување на правото на финансиски надомест за покривање дел од трошоците за меѓуградски превоз тоаго прават само електронски преку порталот e-uslugi,mon.gov.mk.
Пријавувањето трае заклучно со понеделник, 25.12.2023 година.
Студентите потребно е да прикачат потврда за редовен студент на државен универзитет; уверение за државјанство; лична карта или друг документ за идентификација; трансакциска сметка и доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање.
Како доказ се доставува фотографија од месечен билет, фискална сметка или „принтскрин“ од цените објавени на веб-страницата на превозникот.
Не се прикачува пријава или изјава, информираат од МОН. <
