ДИМИТРОВ : ВО НЕДЕЛА ГЛАСАМЕ ИСПРАВЕНИ И ГОРДИ, ЗА ПОДОБРО УТРЕ !
Во недела гласаме исправени и горди, за подобро утре!
За: Како Македонци, македонски народ и со афирмиран македонски јазик, заедно со сите наши сограѓани Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми и Бошњаци, за побезбедни граници и услови за посреќна и поуспешна Македонија преку членството во НАТО и портата кон ЕУ, за иднина. Со додавање на одредницата Северна кон името Македонија, бидејќи ние си направивме држава на нашето парче од историскиот регион Македонија.
Против: Назад во ровот, со опозиција во Атина која се буни за нашето право на самоопределување, со неизвесност дали ќе има следен воз за нашата генерација.
Секој со својата совест и мудрост, бидејќи од нашиот глас, каков и да биде, зависи иднината на сите нас. Јас ќе гласам ЗА, утрината во недела, со широка насмевка и чиста совест.
