МНР НА БУГАРИЈА: ВРЕМЕ Е ПОЛИТИЧКАТА ЕЛИТА НА МАКЕДОНИЈА ДА ПОКАЖЕ ЗРЕЛОСТ
Ние веруваме дека демократијата е вкоренета во општеството на Република Македонија. Референдумот е највисока демократска алатка за изразување на волјата на тие кои учествувале во неа и на оние кои не гласале. Граѓаните имаа слободен избор, а над 90 отсто од тие што гласаа на овој консултативен референдум експлицитно изразија желба нивната земја да биде дел од европската и евроатлантската заедница. Нивниот глас е видлив и јасен и поради тоа не може да се игнорира. Време е цела политичка елита на нашата соседна земја да покаже зрелост и да најде начин да ги реши тешките проблеми. Залогот е голем – иднината на државата и иднината на сите нејзини граѓани. Големо мнозинство граѓани се “за” членство во ЕУ и во НАТО. Губењето на времето не е од корист ниту за земјата ниту за регионот. Република Бугарија ќе ја продолжи поддршката на нашите браќа и сестри од Република Македонија и интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО, се вели во писмената реакција на бугарското МНР во врска со референдумот што се одржа вчера кај нас.

