| |

Градоначалниците на Перник и Кочани потпишаа меморандум за соработка

Градоначалникот на градот Перник во Бугарија Станислав Владимиров и градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов потпишаа меморандум за соработка за време на 30. Меѓународен фестивал „Сурва“, што се одржува во Перник, јавува БНР.

„Две години по ред фолклорните и сурвакарските групи од Пернишко ја збогатуваат програмата на традиционалните Кочански денови на кочанскиот ориз, а годинава на „Сурва“ учествува и македонска група. Добрите односи со Перник го поддржуваат развојот и на другите области. “, изјави Љубчо Папазов.

Станислав Владимиров додаде дека соработката меѓу двете општини ќе продолжи и во иднина, не само во размена на делегации и фолклорни групи, туку и во споделување идеи и добри практики.



Слични Објави