| |

Граѓани на Петрич оддадоа почит пред споменот за Мануш војвода и неговите комити по повод 116-та годишнина од нивната смрт

Десетици граѓани на Петрич, Бугарија тргнаа од центарот на селото Долна Рибница до споменикот – костурницата на Мануш Георгиев познат како Мануш Војвода и неговите комити во местото Трнката, за да одбележат 116-та годишнина од нивната смрт, јавува Пиринско.

Традиционално, колоната ја водеа локални жители, кои го носеа портретот на Мануш Војвода. Отец Никола отслужи панихида, беа положени венци и свежо цвеќе.

Градоначалникот на Петрич Димитар Брчков рече дека т.н. Петрички еп е историска страница, особено значајна за Петричани, бидејќи е израз на извонредната сила на духот што ги надминува границите на своето време.

„Со благодарност велиме вечна слава на Мануш војвода и неговите комити“, беа зборовите на градоначалникот. Во организација на настанот учество земаа клубот „Млад планинар“, ТД „Калабак“ и клубот БЕЛА Екстрем.



Слични Објави