РЕВОЛУЦИОНЕРНО РЕШЕНИЕ ЗА НЕДОСТАТОКОТ НА УЧЕБНИЦИ ВО ЕДНО ТЕТОВСКО УЧИЛИШТЕ: ЕДЕН УЧЕБНИК ЗА ДВЕ СОСЕДЧИЊА

Еден учебник да користат двајца ученици кои се соседи или живеат блиску. Вакво решение им било понудено на ученици од основното училиште „Братство Миѓени” во Тетово поради недостиг на книги, информираат нивните родители, јавува Канал 5.

-Веќе неколку години по ред се повторува недостигот на книги. Децата имаат нови учебници по математика и природните науки. Учебниците по македонски, општество, физичко, музичко и техничко образование, се стари. Но, се случува и старите учебници да ги нема за сите ученици, па еден учебник користат двајца ученици, објаснуваат родителите.