ФИРМА СО ПРОПАДНАТ ТЕНДЕР И ПОД ИСТРАГА ГО ДОБИ ТЕНДЕРОТ ЗА СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

„Евита схпк“ е фирмата која го доби тендерот за стерилизација што беше распишан од Министерството за здравство, стои на страната на Јавни набавки, објави НОВА, пренесува Лидер.

Станува збор за фирма зад која е пропаднат тендер во Албанија за кој се води истрага, пренесува порталот Нова. Во тек е период на жалби по што ќе следува потпишување на договорот, најави министерот за здравство Венко Филипче, без да прецизира за која фирма се работи.