Пратеници во инспекција: Со стари дипломатски пасоши се поминува граница, со регуларните не
Пратениците Бране Петрушевски и Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ со автомобил тргнаа кон македонско-бугарската граница, со цел, како што велат, да проверат дали ќе им биде дозволен излез од државата со патните исправи со старото име.
Пратениците покрај оваа патна исправа, носеа и дипломатски пасош со Република Македонија. Кога го приложиле првиот пасош не им било дозволено да ја напуштат државата, но со дипломатскиот добиле „зелено светло“.
— Brane Petrushevski (@belichMacedonia) February 21, 2024
Како што може да се чуе на видеото, досега граничарите не добиле инструкции како да постапуваат со граѓаните кои ќе приложат дипломатски пасош со „Република Македонија“.
Лефков и Петрушевски повторно повикаа на промена на законот за да се продолжи важноста на патните исправи.
„Ако колегите од власта од СДСМ и ДУИ не сакаат да гласаат за законот со кој ќе се продолжи важноста на патните исправи за сите граѓани во Република Македонија, тогаш е етички и морално од нивна страна да се откажат од дипломатските пасоши, за и тие да сочувствуваат со граѓаните кои се затворени како во конзерва“, порачаа.
