| | |

Споменик на последниот водач на ВМРО Иван Михајлов ќе биде поставен во градската градина на Благоевград

Во Благоевград ќе има споменик на последниот легендарен лидер на ВМРО Иван Михаjлов. Ќе биде поставен во градската градина, до спомениците на Тодор Александров и Мара Бунева, по одобрение од Советот на општината – Благоевград, јавува Пиринско. Предлогот, поткрепен со позитивно мислење на Историскиот музеј, се очекува да го разгледаат општинските советници на седница во април. Иницијатор за поставување споменик на Иван Михаjлов е Николај Јовев, кој собра Иницијативен комитет и започна кампања за собирање средства преку социјалната мрежа, а беше обелоденета и жиро сметка.

Идејата за поставување споменик на Иван Михаjлов наиде на голема поддршка. За четири месеци успеавме да собереме 7.000 лева, со учество на околу 60 донатори, меѓу кои и македонски Бугари од Битола, чиј клуб „Иван Михаjлов“ беше затворен. Последната сума ја добивме од фан клубот на ПФК Левски. Останаа уште 250 лева, кои ќе ги дадеме за снимање на авторска народна песна за Иван Михајлов, по текст и аранжман на пејачот Иво Попов, која ќе ја изведе на свеченото отворање на споменикот во мај. Бистата ја изработи скулпторот Александар Хајтов, син на големиот писател Николај Хаитов“, изјави Николај Јовев, активист на организацијата „Национален отпор“.

Од Пиринско потсетуваат дека Јовев бил обвинет заедно со уште тројца младинци за експлозија пред канцеларијата на партијата „Евророма“ во градот Сандански во која загинал 58 годишен работник, но биле ослободени од Окружниот суд во Благоевград и од Апелацијата во Софија. Јовев во моментот има сопствен бизнис во сферата на угостителството и потготвува издавањето на музички проект со народни патриотски песни.



Слични Објави