| |

Бугарскиот композитор Борислав Славов ја доби наградата за „Најдобра музика“ на БАФТА

Бугарскиот композитор Борислав Славов ја освои престижната награда за „Најдобра музика“ на овогодинешното 20-то издание на Британската академија за филмска и телевизиска уметност BAFTA GAMES AWARDS, јавува БНР.

Славов доби признание како композитор на музиката за најдобрата игра за годината „Balder’s Gate 3“, која имаше 11 номинации и освои 3 награди.

Статуетката за најдобра музика на Борислав Славов му ја врачи композиторот на музиката за филмовите Спајдермен и Крал Артур – Даниел Пембертон.



Слични Објави