| |

Филантропот Милен Врабевски повторно го спасува меѓународниот уметнички фестивал „Малиот битолски Монмартр 2024“

Бугаринот со уште една инвестиција за каузата на братските односи меѓу Бугарија и РС Македонија.

Д-р Милен Врабевски е бугарски бизнисмен, филантроп и мецена. Тој е основач е и претседател на Фондацијата „Бугарска памет“. Основач и долгогодишен извршен директор е на „Комак Медикал“ – најголемата научноистражувачка организација во Југоисточна Европа со предмет на дејност развој, управување и контрола на проекти од областа на научноистражувачката и развојна дејност во клиничката медицина.

Компанијата развива научни проекти во повеќе од 30 земји во Европа, Азија и Америка. Сопственик е на образовниот комплекс „Цар
Симеон Велики“, во кој се вклучени: Приватна детска градинка „Росица“, Приватно основно училиште „Цар Симеон Велики“, Приватна гимназија за природни науки и претприемништво „Асен Јорданов и Центар за обука „Цар Симеон Велики“.

Д-р Милен Врабевски е активно ангажиран со каузата на добротворноста во Бугарија во поддр шка на иницијативи за афирмирање на националниот идентитет и вредностите на европското граѓанство. Од 2007 година, д-р Врабевски инвестира во сопствена дарителска програма за поддршка на семејства со репродуктивни проблеми, како и во иницијативи и кампањи посветени на борбата со демографската криза и зголемувањето на наталитетот во Бугарија. Тој е главниот добротвор на фондацијата „Сакам бебе“, а благодарение на неговата финансиска поддршка се родиле 41 бебе во Бугарија.

Д-р Врабевски е добитник на десетици награди, од кои некои се „Европски граѓанин на годината“ (2013) и „Човек на годината“ (2019). Тој е член и на Глобалната иницијатива на Бил Клинтон од 2012 г.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц (2012-2017) го награди д-р Врабевски со наградата „Европски граѓанин на годината” во 2013 г.

Монмартр во Битола светски центар за млади уметници

Едни од најстарите и најголемите настани за детска уметност во светот се организирани од Северна Македонија во ликот на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј#, град Битола Мал битолски Монмартр и Детски ликовен натпревар и изложба „Битола“. Организацијата е основоположник на светско ниво на организираната форма на оценување, наградување и професионална грижа за уметничкиот талент на младите творци на возраст од 4-20 години.

За овогодинешните изданија на двата конкурси, Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј# има добиено рекордни 800 пријави за учество од приватни и државни училишта од 80 земји во светот, кои формираат фонд од над 40.000 детски уметнички дела.
Традиционално, во април организаторите ги објавуваат поединечните награди за учесниците, а една од поголемите награди е покана за учество на годинешното 43-то издание на светската детска колонија „Мал битолски Монмартр“, во која ќе учествуваат вкупно 24 делегации од 22 земји. Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде на 23 мај – празникот на Светите браќа Кирил и Методиј.

Низ годините, Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј# има запишани три Гинисови рекорди за најголема изложба на детска ликовна уметност – во 1996 година во Битола, 1997 година во Скопје и 1998 година во Белград. Организацијата е партнер на Меѓународниот олимписки комитет во Лозана од 2000 година, благодарение на што учествуваше на 7 летни олимписки и параолимписки игри. Тоа ќе се случи и во 2024 година, кога студиото ќе направи изложба на детски цртежи на тема Олимпијадата во
Париз.

Како бугарскиот филантроп ја помогна најголемата детска ликовна манифестација?

Откако во 2023 година за прв пат по 42 години, македонската држава не обезбеди реализација на големиот уметнички настан, студиото се соочи со невиден проблем како да се реализира спектакуларниот настан за талентирани млади.
По долго талкање низ сложениот лавиринт на политички и партиски страсти, притисок и прекин на поддршката од државните институции и министерства без образложение, д-р Врабевски донираше 18.000 евра за одржување на две од гордостите на Северна Македонија – Малиот битолски Монмартр и Детскиот ликовен конкурс и изложба „Битола“. Ова го враќа основниот дух на конкурсот – детската радост, насмевките, уметноста и симбиозата на различни народи и религии на едно место.

Состојбата во 2024 година не е поинаква двата светски ликовни конкурси имаат уште повеќе активности и гости од минатата година, но значително намален финансиски фонд. Поради оваа причина, д-р Врабевски одлучи да ја зголеми помошта на организаторите од Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ и донираше 25.000 евра за одржување на овогодинешните манифестации, со што стана најголемиот донатор на манифестации во Северна Македонија кои до минатата година ги финансираше токму нашиот сосед.

Славчо Неделковски

Славчо Неделковски, претседател на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“: Врабевски ни го спаси студиото!

Како вашето ателје соработува со д-р Врабевски и Фондацијата Бугарска меморија?

Пред се, имаме професионална и безусловна соработка, заснована на постулатите дека децата треба да се држат што подалеку од политиката и квазиполитичките намери за партиски интереси. Врабевски никогаш не отстапил од своите принципи и во него препознаваме не само соработник, туку и пријател. Благодарение на него, имаме отворени врати кон ЕУ и УНЕСКО. Милен Врабевски е пример за човек, кој целосно ја оправдува функцијата Почесен граѓанин на Европа и филантроп. Без неговата помош, немаше да можеме да го спасиме студиото и да ги одржиме настаните во оваа и во минатата година. Му благодариме!

Кажете ни за досегашните заеднички иницијативи, зошто е важно да се среќаваат децата од двете страни на границата?

Започнавме со иницијатива за создавање на детска ликовна колонија. Тоа што го работиме веќе 56 години. Реализирани се 2 изданија. Во 2022 година, 15 ученици од Северна Македонија и Бугарија го направија „Малиот Монмартр во Пловдив# успешен, а потоа и Камп за филантропија во Софија. Во 2023 г. го реализиравме второто издание на Малиот Монмартр во Копривштица и Софија, а претходно во 2023 година имавме посета на Европскиот парламент и Европската комисија, при што се сретнавме со клучни носители на важни портфолија за нашата активност. Работиме на третото издание, кое по традиција треба да биде во јули 2024 година. Многумина не сакаат децата безгрижно да цртаат и да комуницираат, што треба да е работата за која се платени политичарите. Егоизмот нема никаде да не одведе.

Дали вашата работа би била можна без донациите на д-р Врабевски?

Да бидам искрен, без поддршката во последните две години, не само ние лично, туку и светот, ќе загубевме два големи и значајни детски настани од областа на ликовната уметност. Годинава започнавме првични преговори со УНЕСКО, но започнавме и со проекти за предлози до Европската комисија за програмите „Креативна Европа“ и „Еразмус+“. Сѐ полека ќе се стабилизира кога ќе се институционализира. Но, пријателите се познаваат во најтешките моменти и оваа соработка е високо ценета и ќе продолжи.

Во полза на братските односи меѓу Бугарија и РС Македонија

Донациите и инвестициите на д-р Врабевски кон РС Македонија, започнаа пред 17 години. Бугарскиот бизнисмен и филантроп уште во 2006 година се зафати со обнова на бугарскиот воен меморијал кај Ново Село, РС Македонија. Така од напуштени гробишта, во последните 15 години тој меморијал е посетен од илјадници кои решиле да им оддадат почит на хероите. Секоја година на 6
мај, Фондацијата „Бугарска памет“ организира заеднички чествувања на меморијалот во духот на добрососедскиот дијалог и солидарноста меѓу Бугарија и РС Македонија во перспективата на заедничка европска иднина.

Воен меморијал, Ново село

Д-р Врабевски ги финансираше и градежните активности за изградба и реставрација на најголемиот православен храм во РС Македонија „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево. За изградба на ваков храм, жителите на градот чекале цели две децении.

Реновираниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево со финансирање од д-р Врабевски

Во 2017 г., д-р Врабевски се сретна со тогашниот претседател на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во присуство на Неговото Високопреосвештенство митрополитот струмички дедо Наум. Тема на средбата беа конкретни предлози за зајакнување на добрососедските односи меѓу двете земји. Во 2018 година бевме сведоци на историски момент – со чартер лет д-р Врабевски лично го донесе Велигденскиот Благодатен оган од Бугарија во РС Македонија во име на добрите односи меѓу двете земји.
„Ваквите постапки го градат братството во реална ситуација“, коментираше тогаш Милен Врабевски.

Д-р Врабевски на средба со Зоран Заев во 2017 г



Д-р Врабевски ја финансираше историската средба на директорите на училиштата од двете страни на границата, што се одржа во Банско во 2019 година. Во екот на пандемијата на КОВИД-19, во април 2020 година, претседателот на Фондацијата „Бугарска памет“ донираше лични заштитни средства за лекарите од прва линија од Република Северна Македонија, наменети за подрачјето на градовите Струмица, Делчево и Свети Николе. На сите лекари им беа обезбедени маски, очила, комбинезони и др.

Истата година со финансирањето на д-р Милен Врабевски, беа отворени кабинети по информатика во училишта во Република Северна Македонија. Со негови средства беа опремени и музичките кабинети во училиштата. Бизнисменот редовно обезбедува средства за лекување и рехабилитација на болни деца од РС Македонија.

Во 2021 година, д-р Врабевски иницираше и финансираше отворање на два центри за вакцинација на граничните премини Златарево и Станке Лисичково, наменети за вакцинација на граѓаните на Република Северна Македонија. Потребата од двата центри за вакцинација дојде откако долго време граѓаните кои живеат на територијата на РС Македонија, немаа достап до најпопуларните и најпосакувани вакцини против КОВИД-19. На двата пункта беа аплицирани илјадници вакцини.

Меѓу најголемите иницијативи на Фондацијата „Бугарска памет“ се годишните семинари, на кои млади луѓе од Бугарија, РС Македонија, Албанија, Србија, Молдавија и Украина заедно учат, творат, се забавуваат и создаваат трајни пријателства.

Д-р Врабевски инвестира и во програма за стипендирање талентирани млади луѓе од Република Северна Македонија

Минатата и оваа годинава, тој го финансира и здружението Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј# од Битола. Потсетуваме, Република Северна Македонија ја суспендираше државната субвенција на студиото по нивната посета на Бугарија на покана на Фондацијата „Бугарска памет“. Уметниците во летото сликаа во Пловдив и Софија, а сега имаат нови посети на Бугарија и Брисел, повторно организирани и финансирани од д-р Врабевски.

Д-р Врабевски во посета на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“, Битола



Слични Објави