БАЧЕВ И ГРЧЕВА ПОБАРАА ПАРИ ОД ВЛАДАТА ЗА НИВНАТА АНТИРЕФЕРЕНДУМСКА КАМПАЊА
Кризниот Штаб против референдумот денеска побара од Владата да им одобри финансиски средства за кампањата. Според групата околу Бачев и Грчева Македонија имала интерес од зачленување во меѓународни организации, но не во Европската Унија и НАТО. Тие побара истиот износ на пари што ќе го потроши Владата за референдумската кампања да им биде предоставен и на нивниот штаб. Грчева, која е претседателка на партијата Глас за Македонија повторно повика на бојкот на референдумот.