Најден е урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Раиси
Спасувачки тим вечерва го пронашол урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси, објави иранската државна телевизија.
Агенцијата ИРНА наведува дека е објавена точната локација каде се урнал хеликоптерот во областа меѓу Ардешир и Бразин во Варзеган.
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси имал инцидент при слетувањето во Источен Азербејџан.
Областа е карпеста, маглива и врнежлива, а овие услови многу ја отежнаа потрагата.
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси денес доживеа „тешко слетување“.
