| |

Признанието „Македонски книжевен Дедал“ му беше доделено постхумно на светски познатиот бугарски писател Алек Попов

Синоќа (6 јуни 2024 г. бел. уред.)во салонот на македонскиот Културно информативен центар (КИЦ) во Софија, почна 15. „Македонска книжевна визита во Софија“. На настанот постхумно со „Македонски книжевен Дедал“ беше награден светски познатиот бугарски писател Алек Попов.

Беседа за делото на Алек Попов одржа писателот и преведувач Душко Крстевски, кој од богатата книжевна актива посебно ја нагласи соработката на починатиот Попов со македонската литературна, телевизиска и медиумска средина.

Душко Крстевски со маестро Христо Христов, потомок на Гоце Делчев.

Манифестацијата ќе биде затворена со големиот вечерен поетски митинг на кој ќе учествуваат македонските и бугарските поети – Влада Урошевиќ, Маја Панајотова, Бранко Цветкоски, Димитар Христов, Јулијана Величковска, Николај Шопов, Димитар Башевски, Поли Муканова, Лора Динкова, Душко Крстевски, Иван Христов, Иван Антоновски, Тања Попова, Тихомир Јанчовски, Петар Андасаров, Марија Велинова и Атанас Капралов.

Учесниците на манифестацијата оваа година ќе го посетат спомен-домот на легендарната бугарска поетеса Дора Габе



Слични Објави