| |

К. СИНАДИНОВСКА: Г-НЕ ЏАФЕРИ АКО СТЕ ГИ ЗЕМАЛЕ ПРАТЕНИЦИТЕ ОД КОНТЕЈНЕРИ, ТАМУ И ЌЕ ГИ ВРАТИТЕ

„Џафери: Не може некој да биде пратеник 4 години, а потоа да брка по контејнери.

Господине Талат Џафери, апсолутно дека може. 
Ако сте го земале од контејнери, апсолутно дека таму и ќе го вратите…

Е сега, фактот што пратениците да не се пратеници и политичарите да не се политичари и тоа како ќе завршат да бркаат во контејнери, оти апсолутно не знаат што со себе, ниту се способни, ниту имаат кариери и искуство надвор од валканиците на македонската политика, тоа да, се согласувам дека не е ок и не може.

И тоа меѓу другото е причина што Вие г. Џафери денеска давате вакви безобразни изјави во држава во која на улица ви просат не само граѓани, туку и деца. 
Деца г. Џафери. 
Куп деца имате по улица…
Срамота!

Македонскиот Парламент може комотно да се укине. И онака само потврдуваат решенија донесени на лидерски средби или партиски рандевуа, а уште и служат за пазари и наддавања…
Нека се смени изборен модел, нека се отворат листите, па тогаш можеме да размислиме за одново формирање на законодавен дом. 
Вака про форма ем ни трошат пари, ем уште ќе не’ нервираат со дрскости…“- напиша на својот профил новинарката Катарина Синадиновска во однос на изјавата на претседателот на Собранието на Р. Македонија, Талат Џафери дека не е во ред 4 години да бидеш пратеник и после да завршиш кај контејнерите.

Слични Објави