ШВРГОВСКИ ОЧЕКУВА СУДОТ ДА МУ ДОЗВОЛИ НА МИЈАЛКОВ ДА СЕ БРАНИ ОД СЛОБОДА
Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, изрази очекување дека СЈО ќе донесе позитивна одлука по барањето за ослободување од притвор на екс-директорот на УБК. Шврговски додава дека во секој случај подобра опција за неговиот клиент е куќниот притвор, отколку затворскиот. Сашо Мијалков побара замена на притворот со поблага мерка и понуди гаранција од 1 милион евра.

