Во бугарскиот парламент ќе биде поставена изложба посветена на „праведникот на светот“ Димитар Пешев
Бугарскиот парламент и Институтот за историски истражувања во рамките на Бугарската академија на науките (БАН) денеска во 12 и 30 часот ќе откријат фотодокументарна изложба посветена на „праведникот на светот“ Димитар Пешев.
Изложбата се организира по повод 130-та годишнина од раѓањето на големиот бугарски државник и еден од спасителите на бугарските Евреи и e насловена „Праведникот Димитар Пешев“.
Експозицијата претставува и голем број други аспекти од животот, професионалната и општествената дејност на Пешев. Изложбата е дело на тим предводен од доц. д-р Ангел Џонев од Институтот за историски истражувања на БАН и ќе биде поставена во Мермерното фоаје на бугарскиот парламент (влез од страната на бул. Дондуков).

