| | |

„Малата Шипка“ во Чепеларе го слави подвигот на Бугарите во четири војни

Во Бугарија има две Шипки.

Првиот споменик е поставен на старопланинскиот превој и е посветен на бугарските ополченци од Руско-турската ослободителна војна, а вториот е изграден во градчето Чепеларе, како симбол на почит, кон споменот на Бугарите кои се бореле и загинале во четири војни, јавува дописникот на БГНЕС од регионот.

Споменикот во Чепеларе е речиси идентичен со неговиот познат пандан, единствената разлика е неговата големина и фактот што е направен од бел камен. Споменикот е историска знаменитост на градот.

Во 1928 година бил формиран Иницијативен комитет чија задача била да обезбеди средства за изградба на споменик посветен на хероите од Српско-бугарската, балканската и првата светска војна. Првите големи приходи во фондот започнале да доаѓаат во 1935 година.

Следната 1936 година била отворена посебна „Златна книга“ за овековечување на ова дело, во која биле запишани сите парични приходи, желби и емотивни пораки на донаторите. На првата страница има подпис на цар Борис III. Датирана е на 6 мај 1936 година.

Споменикот е изграден од локални градители. Нив ги предводи најголемиот донатор Георги Хаџи Костадинов, кој за три години донирал сума од 155.000 лева. Споменикот е дело на скулпторот Никола Попов во коавторство со Костадин Ихтјаров.

Споменикот бил отворен на 8 август 1937 година и бил осветен од митрополитот Максим Пловдивски.

Споменикот е висок 13 метри.

Во 1995 година, по повод 50-годишнината од Втората светска војна, беше поставена плоча со имињата на загинатите во таа војна, која се наоѓа веднаш до „Малата Шипка“.



Слични Објави