Јотова: Шипка е енергијата на нашето сеќавање
Бугарија денеска ја слави 147-та годишнина од Шипченската епопеја и 90 години од осветувањето на Споменикот на слободата, јавува БНР.
Потпретседателката Илијана Јотова во својот свечен говор истакна дека споменикот „го носи духот на еден народ – народ кој бил маченик, но никогаш не станал роб“:
„Шипка – достоинство! Шипка е нашиот врв! Патот до овој врв е бугарската Голгота. Шипка е енергијата на нашето сеќавање. И на слободата! А слободата носи во себе сила. Оваа нова сила и оваа нова енергија ни треба денес. како Бугари и како општество“, истакна Јотова во своето свечено обраќање.
Прославите посветени на 147-та годишнина од величествените августовски борби за одбрана на Старопланинскиот премин за време на Руско-турската војна започнаа со воени почести и погребна молитва што беше отслужена од митрополитот Григориј Великотрновски во подножјето на Споменикот на слободата.
Бугарите од различни делови на земјата ги носат своите деца и внуци. Присутните положија венци и свежо цвеќе пред Споменикот на слободата.
