Одбележуваме 117 години од смртта на војводата на ВМОРО Иван Наумов-Аљабакот
На 24-ти август 1907 г. паѓа во турска заседа близу до кичевското село Белица и јуначки загинува војводата на ВМОРО ИВАН НАУМОВ – АЉАБАКОТ.
Роден 1870 г. во велешкото село Ораовец. Поради недостаток на финансии не може да учи и оди да работи во Солун. Таму се запознава со идеите на ВМОРО и е привлечен во организацијата од Михаил Апостолов Попето од Радомир. Во Драма и Кавала работи като бакалин. Во 1902 г. убива еден Турчин и бега во Софија. Истата година се враќа како четник во Одринско и Пашмаклиско. Од 1903 г. е организационен војвода во Крушевско. За време на Илинденското востание раководи едно од одделенијата, кое учествува во запалувањето на жандармериската касарна во Крушево. По востанието се повлекува во Бугарија. Во Софија, во 1904 г., заедно со Мамин Кољо од Хасково, после неуспешен атентат врз турскиот конзул, при кое е ранет неговиот гавазин, се затворени шест месеци. Со чета, на која е војвода, влегува одново во Македонија. Кога настапиле несогласувања во ВМОРО, И. Аљбакот е меѓу приврзениците на Борис Сарафов. Како војвода ги обиколува Велешко, Прилепско, Кичевско и Поречието. Освен со турските војски неговата чета води борби и со новопојавената србска вооружена пропаганда. Во 1904 г., заедно со војводата Боби Стојчев од Дрјаново, разбиени се од турска потера и се убиени 16 негови четници. Во 1905 г. четата на И. Аљбакот го изгонува Димитар Чуповски од Македонија, кој дошол во Велес да ги шири идеите на Мисирков, кои се сметаа за про-србски и анти-бугарски. Во 1907 г., Аљабакот влегува во Македонија како војвода на една от најголемите организациони чети, која се состоела од 60 души, повеќето от кои војници од Бугарската армија, сред кои што е и Константин Ќуркчиев од Ќустендил. Таа чета учествува во битката на Ножот и Попадиските чукари, заедно со другите, дојдени од Бугарија чети – на Тане Николов од Хасково, Михаил Чаков од Гуменџе и Христо Цветков од Костурско.
Во август истата година, враќајќи се од конгресот на Битолскиот револуционерен округ на ВМОРО, на кој е избран за окружен ревизор на четите, Иван Аљабакот е убиен со двајцата свои четници.
“Огин гори у Мукос планина,
Тамо ни се србскине војводи,
Најнапред е Јован млад Бабунски
По него е Васил от Теово,
Трекиот е Коста от Пеќанец.
Проговори млад Јован Бабунски:
„Ајде, браќа, бре млади четници,
Да ојдеме у село Ореше,
Тамо ни се Бугарските чети:
Најнапред е Јован Алјабакот,
По него е Панче Костадинов,
Трекиот е Арсо Локвичанец”.
Па тргнале србскине војводи,
Па тргнале по Мукос планина,
Да ми ојдат у село Ореше,
Ми наближили село Ореше.
Бог да бие Јован Алјабакот,
Што ми беше надвор от селото,
Та ми виде србскине војводи.
Провикна се Јован Алјабакот:
„Ајде, браќа, скоро се спремајте,
Па да фанеме тежки митиризи,
Да избиеме србскине војводи”.
Па фанале тежки митиризи,
Да се бијат со србскине војводи.
Прва бумба фрли Алјабакот,
Втора бумба фрли Костадинов,
Треќа бумба фрли Локвичанец.
Провикна се млад Јован Бабунски:
„Стој, не стрељај, Јован Алјабако,
Ми изтепа сите четници!”
Па побегна млад Јован Бабунски,
Па побегна Васил от Теово,
Па побегна Коста от Пеќанец.
Песни пејат момине Бугарски,
Песни пејат за Јован Алјабакот,
Што е разбил србскине војводи.“
РЕВОЛУЦИОНЕРНИТЕ БОРБИ ВО АЗОТ (ВЕЛЕШКО) И ПОРЕЧИЕТО, Стефан Аврамов
