МАРКОВИЌ: ЗАЕВ ТРЕБА ДА СЕ ПОЗАНИМАВА СО ФАКТОТ ЗОШТО НАВРЕМЕ НЕ Е РАСПИШАНА ПОТЕРНИЦА ПО ГРУЕВСКИ

Вести Истакнато Македонија

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ изјави за РТЦГ дека грижата околу бегството на поранешниот премиер на државата, Груевски е на Македонија и Заев, а не на Црна Гора.

Марковиќ му порача на премиерот на Македонија Зоран Заев да се позанимава со прашањето зошто навреме не била распишана потерница за Груевски.

– Мојот пријател Заев треба да се позанимава со фактот што навреме не е распишана потерница по Груевски, и како тој без пасош влегол во земја членка на Европската унија – ова прашање не може да се става на Црна Гора – рече Марковиќ во интервјуто за РТЦГ, по повод две години од работата на неговата Влада.4

Извор: 4NEWS.MK