ОРГАНИЗАЦИИ И ИНСТИТУЦИИ СЕ ЗДРУЖИЈА ПРОТИВ ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ВО МЕДИУМИТЕ
Медиусмки регулаторните тела, граѓански здруженија и јавни институции денеска потпишаа декларација против говорот на омраза во медиумите. Иницијатор е Советот за Етика во медиумите во соработка со мисијата на ОБСЕ.
Амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која е убеден дека мрежата ќе донесе конкретни резултати во борбата против говорот на омраза.
“Убеден сум дека ова мрежа ќе влијае и ќе спречи говор на омраза во медиумите. Мрежата ќе им овозможи на нејзините членови да развиваат мерки за намалување на оваа појава , при што ќе се анализира зошто говорот на омраза претставува се поприсутен елемент кој води до реална омраза“, рече Клеменс Која, амбасадор на ОБСЕ.
Претседателот на Комисијата за жалби во Советот на медиуми, Мирче Адамчевски вели дека голем процент од жалбите што ги добиваат се токму за говор на омраза.
Дел од ова мрежа освен Советот за етика се и ЗНМ, Агенцијата за медиуми, МВР, Министерството за информатичко општество, министерот без ресор за транспарентност и комуникација, Народниот правобранител, Академија за судии и јавни обвинители, Фондацијата Метаморфозис и други организации.
Извор: АлсатМ
