| |

Бугарија ја продолжува националната научна програма за поддршка на бугаристиката во светот до 2026 г.

Националната научна програма „Развој и утврдување на бугаристиката во странство“ ќе биде продолжена до крајот на 2026 година, одлучи бугарската Влада, пренесува Радио Бугарија.

Програмата има за цел да создаде траен академски интерес кон дисциплината како во земјата, така и во светот. Таа предвидува поддршка за изградба на авторитетна научна заедница, развој на кадровскиот потенцијал во странство и зајакнување на меѓународниот престиж на бугаристиката преку современи образовни и истражувачки формати, информира владината прес-служба.

Клучен елемент од програмата ќе биде создавањето национална дигитална платформа „Българистика“ со слободен пристап, која ќе ги обедини и надгради постојните ресурси од областа на јазикот, литературaта, историјата, уметностите, етнографијата и фолклорот.

Програмата „Развој и утврдување на бугаристиката во странство“ започна во септември 2022 година. Координатор е Бугарската академија на науките во партнерство со водечки центри за истражување на бугаристиката – Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, Пловдивскиот универзитет „Паисиј Хилендарски“, Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“, Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ и Шуменскиот универзитет „Епископ Константин Преславски“, потсетува БТА.

Слични Објави