Бугарската тенис репрезентација со историски успех во Пловдив
Бугарија за првпат во својата историја се пласира меѓу светскиот елит во Купот „Дејвис“, јавува БГНЕС. Бугарската репрезентација ја совлада Финска со 3:2 на ТК „Локомотив“ во Пловдив. Големиот херој е 18-годишниот Александар Василев, кој оствари две победи во сингл, вклучувајќи ја и одлучувачката против Емил Руусувуори (7:6, 6:4).
Со овој успех Бугарија ќе биде се нареди меѓу најдобрите 26 нации во светот во 2026 година. Бугарската репрезентација е во состав: Пјотр Нестеров, Александар Донски, Јанаки Милев, Александар Василев и Иван Иванов со капитен Валентин Димов.
Триумфот во Пловдив е историски момент за бугарскиот тенис.
