|

ИСЧЕЗНАТИОТ ГОРАН АТАНАСОВСКИ Е ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ

Горан Атанасовски (32), кој беше пријавен за исчезнат вчера, е пронајден починат.

Неговото тело било пронајдено во провалија во населбата Нерези на патот кон вила „Веранда“. На самиот пат бил пронајден и неговиот автомобил марка „Поло“.

Според информациите на неговото семејство тој вчера последен пат бил виден кај трговскиот центар „Беверли“.

Телото ќе биде предадено на обдукција.

Граѓаните на социјалните мрежи искажуваат голема загриженост поради зачестените исчезнувања на луѓе кои се во добра психофизичка здравствена состојба.



Слични Објави