Напад во Сирија: Израел ја бомбардираше Латакија, повредени цивили
Сириската армија соопшти дека двајца цивили се ранети во израелски напад што се случи рано утринава во крајбрежниот град Латакија, на околу 100 километри северно од либанската граница. Во нападот, покрај повредените, била оштетена и воена позиција.
Военото соопштение, кое го пренесоа државните медиуми, не содржи никакви дополнителни детали за нападот.
Израел често изведува напади врз воени цели во Сирија, особено оние поврзани со Иран и либанската милитантна група Хезболах.
