| |

СДК: МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА АСАФ АДЕМИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Министерот за култура Асаф Адеми поднесе оставка, објавувајќи ја одлуката во партиското седиште на неговата партија Алтернатива (поранешното крило на БЕСА на Африм Гаши).

Обраќајќи се прво на албански јазик, Адеми рече дека одлуката ја донеле заедно со Гаши, појаснувајќи дека на 22 април побарал од лидерот на партијата да се повлече поради здравствени причини.

„Претседателот на партијата и пријателите од централниот комитет ја прифатија мојата одлука, но одлучивме да не го нарушуваме изборниот процес. Од ова политичко искуство, научив дека најважно во животот е образот. Јас денес не се срамам да стојам пред вас. Моето владеење беше чесно и транспарентно, останувам достапен на Антикорупциската комисија“, изјави Адеми. (Повеќе)



Слични Објави