| |

ЌЕРКАТА НА МИТКО ЧАВКОВ, ЗОРИЦА: ВИЛАТА НА ХАЛКИДИКИ Е ЛАГА

Зорица Чавкова, ќерка на екс-министерот Митко Чавков а сега обвинет како организатор на насилството на 27 април, преку Фејсбук реагираше на притворањето на нејзиниот татко.

„Го повикувам обвинителството јавно да обзнани барем еден доказ со кој се поткрепува информацијата, од службената белешка на МВР, дека Чавков поседува вила на Халкидики и дека планирал бегство. Одговорно тврдам дека ова е лага. Убедена сум дека оваа белешка е измислена под притисок и закани од нарачателите и дека ќе се разоткријат истите. За овој случај ќе бидат известени сите меѓународни субјекти, сите амбасади“, напиша Чавкова.

Слични Објави