|

Спасовски: Криминалните пресметки се показател за пристапот и неспособноста на актуелниот министер

Вистинско прашање сега се поставува, зошто за само неколку месеци ни се случуваат 25 вооружени инциденти во коишто имаме ранети, убиени граѓани. Зошто овие настани се случуваат и зошто токму овие криминални банди добиваат на значање на сила токму во овој период. Нема оправдување. Ако 1 година го предводи некој МВР да кажува дека заради тоа што се случувало во минатото сега не може да преземам ништо повеќе. Се бара знаење, посветеност и пристап којшто ќе овозможи заштита на граѓаните, вели Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ и ексминистер на МВР.

„На крајот ниту еден граѓанин не му важно со што се соочува некој министер или Министерство за внатрешни, граѓаните сакаат мир и безбедност затоа што е недозволиво да излезат и да се плашат дали некој во одреден момент, некоја криминална група ќе пука, ќе подмете бомба или не дај Боже да се случат посериозни настани. Истот ден се случи пукање и во куќа во Шуто Оризари, каде што имаше вооружена престрелка но не се објави во јавноста. Така да треба да се преземаат мерки а тие мерки може да дадат резултати не ако се удира по професионалците во МВР туку ако им дадете потстрек за да се борат со криминалот и со справувањето со ваквите криминални структури“, посочува Спасовски.



Слични Објави