| |

ПЕТАР КОЛЕВ: ГЛАСАЈТЕ МАСОВНО ЗА ДПМНЕ И СДСМ ЗА ДА ЈА ЗАОКРУЖИМЕ БРОЈКАТА НА ЛУЃЕТО КОИ САКААТ ДА СЕ ИСЕЛАТ ОД МАКЕДОНИЈА ОД 83 НА 100%

Претседателот на Граѓанско Демократската Унија, Петар Колев, реагираше на соопштението за анкетата, објавено од страна на Макфакс, според кое 83.7 посто од испитаниците сакаат да се иселат од земјата:

„83.7% не е 100% -Гласај масовно за ДПМНЕ и СДСМ, да ја заокружиме стотката! 83.7 % од испитаниците во анкетата на Макфакс се изјасниле дека сакаат да се иселат од Македонија. Анкетата е направена со учеството на над 9000 испитаници. Поради овие податоци, најдобронамерно ги молиме нашите родители, баби и дедовци, комшии и роднини, да излезат масовно на следните избори и да го дадат својот глас за ДПМНЕ и СДСМ и особено во Охрид, како најпогоден град од „белата чума“. Така барем ќе ги убедиме дека апсолутно се во право тоа што над 90% од младите луѓе во земјава сакаат да се иселат. Одиме заедно напред–》 Правда за Македонија, татковината повикува!“, напиша Петар Колев на својата официјална facebook страна.

Слични Објави