|

Пратеници во инспекција: Со стари дипломатски пасоши се поминува граница, со регуларните не

Пратениците Бране Петрушевски и Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ со автомобил тргнаа кон македонско-бугарската граница, со цел, како што велат,  да проверат дали ќе им биде дозволен излез од државата со патните исправи со старото име.

Пратениците покрај оваа патна исправа, носеа и дипломатски пасош со Република Македонија. Кога го приложиле првиот пасош не им било дозволено да ја напуштат државата, но со дипломатскиот добиле „зелено светло“.

Како што може да се чуе на видеото, досега граничарите не добиле инструкции како да постапуваат со граѓаните кои ќе приложат дипломатски пасош со „Република Македонија“.

Лефков и Петрушевски повторно повикаа на промена на законот за да се продолжи важноста на патните исправи.

„Ако колегите од власта од СДСМ и ДУИ не сакаат да гласаат за законот со кој ќе се продолжи важноста на патните исправи за сите граѓани во Република Македонија, тогаш е етички и морално од нивна страна да се откажат од дипломатските пасоши, за и тие да сочувствуваат со граѓаните кои се затворени како во конзерва“, порачаа.

Слични Објави