НАНЧЕ: ЈАС СУМ ЦРН ГАВРАН, МЕНЕ НЕ МИ ЛИЧАТ ПАУНОВИТЕ ПЕРЈА НА ДПМНЕ И СДСМ
„Мојата програма не е програма. Мојата програма е визија и приоритети. Секој приоритет подлежи на дебела анализа и изработка на проекти. Сѐ што кажуваат е во ред . Навистина немам забелешка , но се повторуваме како папагали. Тешко ми е од тафталогија и повторување. Ми е жал. Кандидатите се убави, ценети луѓе, меѓутоа носат голем товар од своите партии. Јас се чувствувам како црн гавран. Но убави ми се моите црни гавранови перја. Мене не ми личат паунови перја ни од СДСМ ни од ДПМНЕ“, кажа кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, од редовите на ГДУ Михаил Трендафилов-Нанче, во емисија посветена на локалните избори на охридската ТВМ.

