Кошта: Северна Македонија во ЕУ само под условите на Брисел и довербата на Бугарија
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ја повика Северна Македонија да ги исполни веќе прифатените обврски и добрите односи со Бугарија ако сака да стане дел од Европската Унија, пренесува БГНЕС.
„Треба да работиме за целосното спроведување на обврските на Северна Македонија кои се претпоставка за суштинскиот почеток на преговорите. Колку побрзо се спроведат реформите и бидат исполнети сите критериуми, толку побрзо ќе го завршиме процесот на проширување и секој од партнерите од Западен Балкан ќе стане дел од Европската унија“, изјави Кошта и додаде „Се разбира дека треба да се почитува и тоа што го постигна Северна Македонија и сметам дека е важно да се достигне закрепнување на довербата меѓу Северна Македонија и нејзините соседи посебно Бугарија. Имам огромна почит кон напорите кои Северна Македонија ги направи во минатото, со цел надминување проблемот со Грција, тоа е држава која дури и си го смени името за да го реши проблемот.“
Во однос на крајниот рок 2030 година поставен од неговиот претходник Шарл Мишел како таргет за примање на нови членови во ЕУ, Кошта изјави дека не верува во вештачки календари.
Целиот текст прочитајте го овде.

