| |

ПО ИСТЕКОТ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА, ТЕЧАТ РОКОВИТЕ ЗА ИЗБОРИ

Синоќа на полноќ заврши вонредната состојба во државата воведена по појавата на пандемијата на ковид-19. Состојбата беше воведена за справување на последиците од коронавирусот. Првата вонредна состојба претседателот на државата ја воведе на 18 март и таа траеше 30 дена, потоа следуваше уште една од 30 дена, па уште две по 14 дена.Во меѓувреме лидерите на двете најголеми партии во државата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – Зоран Заев и Христијан Мицкоски не постигнаа договор за датумот за изборите, па затоа, по завршувањето на вонредната состојба продолжуваат да течат изборните дејствија за избори на 5 јули. Кампањата пак, ќе започне на 16 јуни, јавува РСП.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера го понуди 8 јули како ден за избори, а ако Мицкоски се согласеше на тоа, Заев рече дека ќе побара од Владата да свика седница и да донесе предлог за продолжување на вонредната состојба од три дена, овој пат заради договор со опозицијата.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави