| |

В.КАНЕВЧЕВ: ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ КОИ ОДЛУЧИЈА ДА СЕ ТРГНАТ ОД ПРЕВЕЗОТ НА ГОЛЕМИТЕ ПАРТИИ И МУ ДАДОА ПОДДРШКА НА МИХАИЛ ТРЕНДАФИЛОВ-НАНЧЕ

„Голема благодарност до сите граѓани, до сите истомисленици, до сите мои бивши сопартијци и останати кои одлучија да се тргнат од превезот на големите политички елити, да одлучат сами, со своја глава, за нивните, за нашите деца, за подобра и поинаква иднина и застанаа зад кандидатурата на г-динот Михаил Трендафилов Нанче за градоначалник на Охрид . Иако бројот беше мал, но сепак доволно голем за да ми даде надеж дека конечно започна да се раштимува тешкиот децениски околоп на двете големи политички сили под чија закрила речиси 30 години го држат народот во заложништво и манипилираат со него. Македонскиот народ не е глупав. Многу е паметен, но и трпелив. Борбата за Македонија допрва започнува. Само храбро, се вели во изјавата на Владимир Каневчев, поранешен претседател на локалниот огранок на партијата Обединети за Македонија во Охрид и сегашен активист на партијата Граѓанско Демократска Унија во истиот град, за нашиот портал.



Слични Објави