КИК БОКС КЛУБ FIGHT TEAM СКОПЈЕ СО 7 МЕДАЛИ ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО КИКБОКС ШТО СЕ ОДРЖА ВО САБОТАТА
На државното првенство во Кик бокс кое се одржа во саботата на 20.04.2019 г. во спортската арена Борис Трајковски во Скопје Кик бокс клуб Фајт Тим Скопје учествуваше со осум спортски натпреварувачи, а дел од нив се здобија со медали и дипломи за високопостигнатиот спортски успех. Златен медал и диплома за освоено 1 место добија натпреварувачите: Викторија Ивановска до дисциплината К1, Борјан Трајков во дисциплината Кик Лајт, Алексадар Глушкин во дисциплината Лоу Кик и Виктор Цветковиќ во дисциплината Кик Лајт. Сребрен медал и диплома за освоено 2 место добија натпреварувачите: Бојан Митровски во дисциплината Кик Лајт и Јовица Кекеновски во дисциплината Кик Лајт. Бронзен медал и диплома за освоено 3 место доби натпреварувачката Ања Пандилов во дисциплината Кик Лајт. Воедно тренерот на КБК Фајт Тим Скопје Тони Стојановски како резултат на досегашната заложба и успешно работење се здоби со сертификат издаден од КМФМ од категорија Ц за национален тренер. Честитки до сите учесници. ТИМОТ ШТО ПОБЕДУВА НЕ СЕ МЕНУВА, велат од Fight Team Скопје.





