СКРОМЕН ДУХОВЕН ОТЕЦ КОЈ БЕГА ОД ЛУКСУЗОТ-КАКО ЖИВЕЕ И КАДЕ СЕ ХРАНИ ПАПАТА ФРАНЦИСКО?
Поглаварот на католичката црква папата Франциско живее далеку од луксузот на Апостолската палата во Ватикан (резиденцијата на главата на католичката црква). Првиот човек на Ватикан престојува во апартман од 50 метри квадратни во Домот на кардиналите, којшто се наоѓа во квартот „Санта Марта“ и се храни во мензата во склоп на домот, заедно со останатите свештеници.
Папата Франциско смета дека Апостолската палата е доволно голема да засолни 300 луѓе и поради таа причина е преголема за него. Според неговите блиски соработници тој се храни во мензата на Домот на кардиналите, со цел да биде поблиско до обичните свештеници и непречено да комуницира со нив.
За својот транспорт Папата го користи познатиот папамобил, а за безбедноста на поглаварот е одговорен првиот човек на Ватиканската жандармерија.
