|

ГЕОРГИЕВА (ММФ): СВЕТОТ ВЕЌЕ Е ВО РЕЦЕСИЈА

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева изјави дека новиот коронавирус ја турна глобалната економија во рецесија и оти државите треба да одговорат со огромно зголемување на потрошувачкатаза да ја избегнат потенцијалната серија банкроти.

Таа преку видео-конференцја, одржана синоќа во Вашингтон истакна дека на земјите во развој им се потребни најмалку 2,5 билиони долари финансиска помош за да ја надминат кризата.

„Сега е јасно дека влеговме во рецесија, иста, ако не и полоша од таа во 2009 година, посочи Георгиева, додавајќи дека истата ќе се продлабочува и понатаму.

Таа оцени дека за разлика од бавното заздравување од глобалната финансиска криза 2008/2009 сега може подобрувањето на економијата да се случи уште во 2021 година, но под услов ако се запре Ковид-19 и се спречат проблемите со ликвидноста.

Слични Објави