|

130 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СО СПЕЦИЈАЛЕН ЛЕТ СЕ ВРАЌААТ ОД СЛОВЕНИЈА

Со специјален лет на компанијата Виз Ер, околу 130 наши граѓани кои престојуваа во Словенија се враќаат дома во Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, авионот претпладнево полета од аеродромот Берник, а во него беа оние кои поради епидемијата на коронавирусот сакаа да се вратат дома.

Сите тие претходно дале согласност дека ќе останат 15 дена во државен карантин.

Слични Објави