|

(Видео) Хилари Клинтон се насмеа за време на говорот на Трамп, снимката стана вирална

На својата инаугурација, Доналд Трамп ги наведе сите одлуки што ги потпишал на првиот ден од неговиот нов претседателски мандат. Сите го слушаа внимателно, а една одлука особено ја насмеа поранешната прва дама и поранешна шефица на дипломатијата во администрацијата на Обама, Хилари Клинтон.

Имено, меѓу првите извршни наредби на Трамп беше и онаа која му нареди на секретарот за внатрешни работи да го смени името на Мексиканскиот залив во Заливот на Америка. Кога Хилари го слушна тоа почна да се смее.

Снимката од нејзината реакција на изјавата на Трамп нашироко се споделува на социјалните мрежи.

Текстот (Видео) Хилари Клинтон се насмеа за време на говорот на Трамп, снимката стана вирална е превземен од МАКФАКС.



Слични Објави